дома Uncategorized Кевин Спејси ѝ се враќа на филмската кариера

Кевин Спејси ѝ се враќа на филмската кариера


Откако беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад, оскаровецот Кевин Спејси планира враќање на големото платно, но со нискобуџетни филмови.

Кевин Спејси моментално се обидува да отвори ново поглавје во својата кариера, која доживеа голем неуспех откако беше обвинет за повеќекратни сексуални напади во екот на кампањата #MeToo.

Тој беше отфрлен од неговиот агент во Холивуд и неговиот публицист, како и продуцентите на хит-серијата на Нетфликс „House of Cards“ во која играше една од главните улоги.

Нетфликс го замрзна и проектот „Гор Видал“, биографски филм во кој Спејси го игра починатиот американски романсиер и политички бунтовник. Снимањето на тој филм е завршено само неколку недели пред да се појават првите обвинувања.



ПредходнаТочно знаеме што направил Анѓушев, на „црната листа“ е ставен не врз основа на сомнеж, туку на цврсти докази
СледнаОд ставањето на Мерко на „црната листа“, ниту еден правосуден орган или институција не се обратиле до САД да ги побараат доказите за да отворат постапка