дома Uncategorized Од граничните премини кон Грција отворен само Дојран, Меџитлија затворена за товарни...

Од граничните премини кон Грција отворен само Дојран, Меџитлија затворена за товарни возила и автобуси

Од граничните премини кон соседна Грција отворен за сообраќај е само граничниот премин Дојран.

Граничниот премин Меџитлија од 12 часот е затворен за сообраќај на товарни возила и автобуси, а граничниот премин Богородица од 11 часот повторно е во прекин поради штрајк на грчките земјоделци.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на граничниот премин Табановце кон соседна Србија се чека околу 40 минути.

ПредходнаКузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
СледнаСДСМ: Телефонскиот број на Томовски стои меѓу броевите на семејната фирма