
Опозициската СДСМ денеска објави уште еден податок поврзан со директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и семејната фирма која, како што тврди опозицијата, добила тендери од 5,3 милиони евра.
Томовски вчера побара извинување од СДСМ негирајќи ги обвинувањата и најави тужба за клевета доколку од СДСМ не му се извинат.
– Наместо извинување денеска ќе објавиме уште еден податок, уште еден факт, уште еден доказ. Меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, Сити аутсорсинг е и овој број: 078-362-710. Го проверивме овој број и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски. Не дека ова беше неопходно за да потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко
Витомир ниту пак со неговиот роднина Кутановски кои се во оваа фирма, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Според СДСМ, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство мора да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупцијаза овој случај.




