дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ и денеска негира дека ќе се прифаќаат мигранти

ВМРО-ДПМНЕ и денеска негира дека ќе се прифаќаат мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ги демантираше пишувањата дека ќе се примаат мигранти од Велика Британија. Антонио Милошоски, член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека Договорот за стратешко партнерство со Британија не предвидува изградба на бегалски кампови и дека сите оние кои ја спинуваат оваа тема, имаат недостаток на визија и на проекти.
– Точно, ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови. Британија откако излезе од Европската Унија, со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ случува вакви договори, каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс, таму каде што Македонија и земјите членки и земјите кандидати на ЕУ имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите, тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам, којшто е комплементарен со Фронтекс, рече Милошоски.
Вели дека нема подобар демант од изјавата на британскиот амбасадор дека британско-македонскиот стратешки договор предвидува инвестирање во инфраструктура, економија, безбедност и образование, но не и бегалски кампови.

ПредходнаСДСМ: Телефонскиот број на Томовски стои меѓу броевите на семејната фирма
СледнаТомовски ќе ја тужи СДСМ