дома Свет Три девојки во Виена запалиле 18 пожари за еден месец „од досада“

Три девојки во Виена запалиле 18 пожари за еден месец „од досада“

Полицијата во Виена откри серија пожари што предизвикаа страв кај локалните жители во неколку градски општини, а зад нападите со палење стојат три девојки, кои доброволно се предадоа и ги признаа злосторствата, наведувајќи дека запалиле 18 пожари „од досада“ во текот на ноември.


Две 18-годишнички и една 17-годишничка се осомничени за палење пожари во општините во Виена, објави денес австрискиот портал Кронен Цајтунг.
Две од нив беа уапсени во Херналс, додека третата доброволно се јави во полиција истиот ден.
Сите три се изјаснија за виновни во истрагите, а полицијата наведува дека мотивот за палење 18 пожари во текот на ноември била досадата.
„Форензичката работа разјасни 18 случаи на палење со штета е во шестцифрена сума“, изјави портпаролката на полицијата Јулија Шик.
Девојките се приведени додека трае истрагата, а според полицијата, тие најчесто предизвикувале помали пожари, како што е палење контејнери.

ПредходнаОсум графики од Анри Матис украдени од библиотека во Сао Паоло, Бразил
СледнаСДСМ: Број на Томовски е наведен за контакт во „Сити аутсорсинг“, Обвинителството и ДКСК да покренат истрага