дома Македонија Во два случаи фатени возачи со 1,56 промили алкохол во крвта

Во два случаи фатени возачи со 1,56 промили алкохол во крвта

Возачи од Кичево и Гевгелија возеле со 1,56 промили алкохол во крвта. Откриени се синоќа. Едниот возач има 41, а другиот 45 години.
Полицијата соопшти дека синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Кичево- Охрид, приведен е Т.С.(41) од Кичево кој возел со 1,56 промили алкохол во крвта.
Во вториот случај, во 23:25 часот во Гевгелија приведен е И.Б.(45) кој исто така имал  1,56 промили алкохол во крвта.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПредходнаМакедонија го чествува празникот Св. Климент Охридски, државниот врв со пораки за заедништво
СледнаКинескиот извоз порасна за 5,9% на годишно ниво во ноември, продажбата во САД продолжи да се намалува