дома Македонија Државниот врв на седницата на чиј дневен ред е преставката од семејствата...

Државниот врв на седницата на чиј дневен ред е преставката од семејствата на загинатите во Кочани

Целиот државен врв присуствува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на чиј дневен ред е преставката од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

На седницата присутни се претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христјан Мицкоски, претседателот на Собранието, како и пратеници од власта и од опозицијата.

Мицкоски ја откажа за денеска закажаната агенда по повикот од Левица за присуство на седницата, а Собранието на барање на пратеникот Борисав Крмов ја прекина пленарната седница на која се расправаше за Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени. Во тек е судски процес против 34 физички и три правни лица.

 

 

ПредходнаФилипче повика на итна мобилизација со преговорите на владата за влез на мигранти
СледнаПремногу дебела: Кејт Винслет за својот изглед и опсесијата со добивање повеќе лајкови на Инстаграм