Попладнето од 15 часот е нормализиран сообраќајот на јуѓната граница со Грција , на граничниот премин Евзони -Богородица за влез и излез, кој денеска беше во прекин од 11 часот, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин м како и други премини на северот на Грција, со Македонија и Бугарија веќе неколку дена во различни периоди од денот го блокираат сообраќај, без најави и предвидливост.




