дома Македонија Политика Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

  Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите  ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. 

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни министри и  градоначалници, раобезбедувачи и државни службеници.

Досега воведен збор, покрај обвинителството, даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот.

Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението.

„ Немал намера или умисла, туку бил единствениот кој реагирал , неоснованон е, постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата, дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“, се аргументите на одбраната,иако  ,сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица.

Преостанува уште воведниот збор од својата одбрана да ја дадат поранешните директори на ДЗС, потоа поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, како и претставници од Министерството за економија меѓу кои Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи и Размена Чекиќ Дуровиќ.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

Денешното рочиште од судењето кое започнува во 9:30 часот ќе може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook.

ПредходнаСи седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ – Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетната за „Пулс“
СледнаСончево со мала до умерена локална облачност