дома Локално Патиштата маглињави во осојниците

Патиштата маглињави во осојниците

   Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и граничен премин Богородица.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ПредходнаРистоска: Одбраната намерно го влече „Талир 2“ – нека се појави Груевски и нека признае вина
СледнаСи седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ – Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетната за „Пулс“