Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, откако на вчерашното рочиште одбраната на обвинетите поранешни министри за економија директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) негираа вина и го оспорија обвинението тврдејќи дека немале законски надлежности ниту фактичка моќ да влијаат врз трагичниот исход од пожарот, предизвикан од пиротехника несоодветна за затворена просторија и употребена спротивно на закон за пиротехнички средства.Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.
На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.
Денешното рочиште од судењето кое започнува во 9:30 часот ќе може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook.




