
По наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема резолуција понудена од СДСМ за прекинување на процесот за примање мигранти во Македонија опозициската партија попладнево го објави тој документ и рече дека очекува пратениците од власта да ја потпишат.
Во продолжение резолуцијата на СДСМ:
1. СЕ ЗАБРАНУВА ПРИФАЌАЊЕ НА ДЕПОРТИРАНИ ЛИЦА ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ, КАКО И ЛИЦА ЗА КОИ Е УТВРДЕНО ДЕКА НЕМА ПРАВНА ОСНОВА ДА ОСТАНАТ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ – Собранието констатира дека Република Северна Македонија нема да прифаќа изградба на прифатни центри, станови, кампови или „хабови“ наменети за трајно или привремено сместување на мигранти депортирани од други држави (вклучително и Обединетото Кралство), кои немаат потекло од или директна врска со нашата држава.
3. СЕ КОНСТАТИРА ДЕКА ДРЖАВАТА НЕМА КАПАЦИТЕТИ И СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА – Државата не располага со социјални, економски и безбедносни капацитети за да стане центар за процесирање на азил за потребите на други, далеку побогати држави. Прифаќањето на таков товар би ја загрозило стабилноста и би предизвикало несогледливи последици за внатрешната социјална кохезија.
4. УСОГЛАСЕНОСТ СО ЕУ, А НЕ БИЛАТЕРАЛНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ – Северна Македонија ќе ги следи и спроведува исклучиво заедничките политики на Европската Унија за миграција.
5. ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ – Собранието ја задолжува Владата веднаш да ги прекине сите евентуални преговори од ваков тип и во рок од 3 дена да достави целосен извештај до пратениците за сите комуникации остварени со Владата на Обединетото Кралство или други субјекти на оваа тема.
6. ПОВИК НА ЕДИНСТВО – Ова прашање е натпартиско и се однесува на иднината на државата. Собранието ги повикува сите политички чинители да се обединат околу овој став, штитејќи го достоинството на македонските граѓани, но и угледот на државата како субјект кој почитува правила, а не територија за туѓи експерименти.
7. Оваа резолуција ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.




