дома Македонија Милошоски: Нема официјално барање за мигранти, а доколку има ќе го отфрлиме

Милошоски: Нема официјално барање за мигранти, а доколку има ќе го отфрлиме

Антонијо Милошоски

Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти и азиланти е манипулативна политичка тема,  изјави вечерва потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски во Само интервју на Канал 5.

„До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема“, истакна Милошоски.

Тој рече дека Македонија и Велика Британија потпишале договор за инвестиции, соработка и проекти, без никаква обврска поврзана со мигранти. На прашањето дали ја видел резолуцијата на СДСМ за мигрантите рече дека не, но дека ќе ја погледне.

„Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДСМ особено кај претседателот на СДСМ, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДСМ, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДСМ ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање“ рече Милошоски.

Тој изјави дека бројот на азиланти кои што имаат добиено статус на бегалци во Македонија е 14 лица од кои девет се државјани на Косово, три на Конго и две на Сирија.

„Има и една трета разлика, ниеден член високо рангиран на ВМРО-ДПМНЕ не излегувал со натписи како што излегуваше тогашната активистка на СДС, Мерсиха Смаиловиќ. Бројот на азиланти коишто имаат добиено статус на бегалец во Македонија е вкупно 14 лица, од коишто 9 лица се државјани на Косово, 3 лица се државјани на Конго, и 2 лица се државјани на Сирија, 14 лица се исто така членови на извршниот одбор на СДС коишто си поднесоа оставка на барање на Филипче, можеби оваа симптоматичност е случајна, но сепак самиот Филипче, неговиот извршен одбор којшто брои 14 луѓе зборува за мигранти а во моментов статус на бегалци, азиланти во Македонија има 14 лица. Гледам дека оваа тема на крајот до Март или Април единствено што може, да му послужи на Венко Филипче, темата извршен одбор на СДС да ја покрие со нешто друго“, рече Милошоски.

ПредходнаСДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите
СледнаГрчките земјоделци повторно го блокираа сообраќајот на Евзони (Богородица)