Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) од вечерва е во прекин за сите типови возила, поради блокади од страна на грчките земјоделци, соопшти АМСМ.
Блокадите на грчките земјоделци продолжија и денеска. Нивните трактори се паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Македонија.
Се очекува блокадата на Евзони и денеска да биде во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи.
Блокадите почнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции. Главното барање е исплатата на заостанатите субвенции. Блокади има и на другите гранични премини, како и повеќе автопати и локални патишта.




