дома Локално Четири милиони евра долг на општина Сарај, градоначалникот Елмази ветува нормализирање

Четири милиони евра долг на општина Сарај, градоначалникот Елмази ветува нормализирање

Мухамед Елмази Сарај

Четири милиони евра долг акумулиран со години има општина Сарај кон компаниите што дејстувале на нејзина територија. Како што посочи градоначалникот Мухамед Елмази, долг имаат и основните училишта, околу 198 илјади евра. Јавното претпријатие за Управување со Јавното осветлување има долг од околу 127 илјади евра.

„Од податоците што произлегоа од денешниот ден можеме слободно да кажеме дека долгот на општина Сарај, зборувам како општина според новите ажурирани податоци е 3 милиони евра. Долгот на Јавното претпријатие ‘Комунална Хигиена’ во рамки на општина Сарај е 425 илјади евра. Долгот што го има градинката ‘Филизи’ во рамки на општина Сарај е 230.700 евра“, изјави Мухамед Елмази, градоначалник на општина Сарај.

Според внатрешните анализи на општината што ги презентираше Елмази, имало договори за вработување на лица кои не се појавувале на работа, а земале плата. Тој додаде дека истите, по промената на општинското раководство, сами поднеле оставки.

Елмази се пожали дека долговите ја држеле општината блокирана откако го презел мандатот, бидејќи извршителите биле активни. Тој гарантира дека општината ќе излезе од блокадата и ќе функционира нормално.

Ревизорскиот извештај за Општина Сарај, кој беше објавен на 2 декември и со кој беа откриени низа неправилности, меѓу кои: неевидентиран имот, инфраструктурни објекти без технички прием и незаконски спроведена постапка за 25-годишен даден закуп на спортско-рекреативниот објект и базен, е доставен до Јавното обвинителство.

Од Обвинителството информираат дека извештајот ќе биде распореден на јавен обвинител, кој ќе ги провери наводите и ќе испита евентуални елементи на кривично дело.

ПредходнаЈавните претпријатија се дават во долгови, само скопски Водовод должи 53 милиони евра
СледнаПредлог-законот за Судски совет го помина првиот собраниски филтер