дома ТОП ВЕСТИ Во авионот кој се урна во Мавровско Езеро имало двајца косовски државјани

Во авионот кој се урна во Мавровско Езеро имало двајца косовски државјани

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информира дека авион од марка Piper, со регистрација N5005W, кој денеска се урна во Мавровско Езеро, превезувал две лица – двајца државјани на Косово.

 

 

Според Али, информацијата била веднаш проследена до СВР Тетово, Итната медицинска помош и регионалниот центар на ЦУК за брза интервенција.

Во леталото се наоѓале двајца државјани на Косово, пилотот Д.М. (64) и патникот Џ.П. (41). За среќа, и двајцата успеале да излезат од авионот по падот и да стигнат до копното.

Тие се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

„Денеска (12.12.2025) во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро… паднал мал спортски авион. Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани“, информираат од полицијата.

Во несреќата, едно лице е повредено, а спасувачките екипи се уште работат на терен.

ПредходнаМицкоски убедува : Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат
СледнаРеакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ