
„Антисемитскиот тероризам не познава граници, но крвта на убиените е на рацете на австралиската влада, која објави признавање на „палестинска“ држава и го легитимираше тероризмот против Евреите“, рече крајнодесничарскиот министер во соопштението во кое изразува поддршка за локалната еврејска заедница.
Обединетото Кралство, Канада и Австралија ја признаа Палестина на 21 септември. Австралискиот премиер Ентони Албанезе во тоа време изјави дека неговата одлука ја одразува „долготрајната посветеност на Канбера на решението за две држави, кое отсекогаш било единствениот пат кон траен мир и безбедност за израелскиот и палестинскиот народ“.
Тој нагласи дека „терористичката организација Хамас не смее да има никаква улога во Палестина“.
За потсетување, 12 лица, вклучувајќи еден напаѓач, беа убиени во пукотница на плажата Бонди денес. Денес на плажата се одржуваше настан по повод првиот ден од еврејскиот празник Ханука.




