дома Локално Акција на полицијата и инспекциите: Затекнати три малолетнички по полноќ во угостителски...

Акција на полицијата и инспекциите: Затекнати три малолетнички по полноќ во угостителски објект во Гостивар

Денеска (14.12.2025) во периодот од 00:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во додејство со Управа са јавни приходи и Државна пазарна инспекција извршиле акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Гостивар.

При контролата, во угостителски објект на ул.,,Живко Брајковски” во Гостивар затекнати се три 17 – годишни малолетнички после 24:00 часот, кои се предадени на нивните родители.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе следува соодветен поднесок за присуство на малолетноци во објектот после 24 часот, додека од страна на другите органи ќе бидат преземени соодветни мерки во рамки на нивните надлежности.

 

ПредходнаНамалени сообраќајките во Скопје: Тошковски го пофали проектот „Безбеден град“ и граѓаните
СледнаФизичка пресметка во игротека во Аеродром: Татко реагирал на агресивно однесување кон малолетник