дома Култура Промоција на 20. книга поезија на Јовица Ивановски

Промоција на 20. книга поезија на Јовица Ивановски

  Поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски вечер ќе биде промовирана во  новиот „Лабораториум“. Авторот прославува двоен јубилеј: триесет години творештво и 20-та книга поезија.

Триесет години творештво и промоција на 20. книга поезија на Јовица ИвановскиКнигата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, во 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).

ПредходнаУапсениот Стафа примил поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот
СледнаМагла кај Неготино, „Македонија пат“ апелира на внимателно возење