Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патните правци Неготино- Градско и Неготино – Демир Капија.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
На граничните премини утрово нема подолги чекања за влез и излез од македонска страна.




