Од денеска со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ ќе може да се патува до Прага.
Ова е една од петте нови авиолинии што ги најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
– Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, Келн – Скопје и редовна авионска линија Прага – Скопје, објави Николоски во јули.




