дома Македонија Нов обид за продажба на становите на Мијалков, година без конфискуван имот...

Нов обид за продажба на становите на Мијалков, година без конфискуван имот од крупни предмети

Агенцијата за управување со одземен имот во повторена постапка ќе се обиде да продаде дел од конфискуваниот имот на екс шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, објави Радио Слободна Европа.

Агенција-за-управување-со-одземен-имот-на-РСМ

Овој имот на улицата Тодор Александров е сместен во комплексот „Панорама резиденс“ на Водно – Скопје и запленет во предметот „Империја“, во кој Мијалков беше обвинет за перење пари, а во текот на судската постапка спогодбено призна вина и доби три години затвор.

На огласите објавени на 4 декември, Агенцијата по втор пат ќе продава на три различни јавни наддавања вкупно шест недвижнини запленети од Мијалков – по еден апартман и една помошна просторија. Вкупната површина на становите изнесува 554 квадратни метри додека на помошните простории 191 квадратен метар.

Продажбата на конфискуваниот имот ќе биде преку електронско јавно наддавање со почетна продажна цена утврдена од Бирото за процени при Министерството за правда.

Вкупната сума на трите предвидени продажби изнесува приближно 1.843.000 евра и тоа е минимален стартен износ кој Агенцијата ќе го обиде оствари, доколку постапката биде успешна. Парите од продажбата ќе завршат во државниот буџет.

Недвижниот имот на Сашо Мијалков кој се продава сега беше запленет во средината на 2022 година.

Во годината што изминува, од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека немаат „конфискувано имот или имотна корист, ниту пак има одземено предмети од донесена пресуда од високо профилиран случај“.

Но, Агенцијата сепак во првите десет месеци од годинава успеала да наплати 2.260.150 евра од други продажби на движен и недвижен имот и по основ на пресуди од кривична и прекршочна постапка.

Од таму велат деак приходот до крајот на октомври е зголемен за 65 насто во однос на целокупниот приход остварен и уплатен во буџетот во претходната 2024 година.

ПредходнаВиткоф известува за „голем напредок“ по разговорите со Украина во Берлин
СледнаКлое Кардашијан (41) се заљуби во еден дечко на Инстаграм, коментарите се сè…