дома Локално Скопје конечно „украсено по Скопски“

Скопје конечно „украсено по Скопски“

Скопје конечно блесна во новогодишно руво. Украсено по СКОПСКИ, како што порачувааат од Град СКопје, тоа е мотото на китењето на градот кој со години е запуштен или во последен момент по некоја улица се китеше.

Свеченото вклучивање на новогодишнот освлетливање го направи новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски

 

Со свечено осветлување на елката на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје и со отворање на божиќниот маркет денеска почнува предновогодишното празнување во Скопје. Секојдневно од 18 часот, до 31 декември, за граѓаните е подготвена богата празнична програма, со многу музички настани. За најмладите се посветени викендите.

На денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски заедно со неколку македонски пејачи ја претстави програмата за новогодишната прослава во главниот град.

Според него, целта е Скопје да се позиционира како современа европска метропола со континуирана и разновидна празнична содржина за сите генерации.

ПредходнаРусија ја прогласи „Дојче веле“ за „непосакувана организација“, ДВ најавува дека нема да се покори
СледнаФилипче: СДСМ интензивно работи на разоткривање на корупциските скандали на Владата на ВМРО-ДПМНЕ