дома Македонија Поддршката на претседателот не зависи од потпишување или непотпишување на одредени законски...

Поддршката на претседателот не зависи од потпишување или непотпишување на одредени законски решенија

67

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, не сака да го меша давањето или не поддршката на политичките партии на актуелниот претседател Стево Пендаровски за претседателските избори во 2024 година, со тоа што тој го потпишал законот со кој се намалуваат казните за функционерите. Ковачевски вели претседателот на државата потпишува указ за сите закони, кои се изгласани во Собранието, а за некои се случило и да не потпише.

„Јас воопшто не би ги мешал поддршките коишто политичките партии ги даваат на кандидати за било која функција вклучително и на претседател на држава со потпишување или непотпишување на одредени законски решенија. Претседателот Пендаровски беше победнички кандидат на коалицијата, а тоа е европската коалиција, којашто обезбеди членство во НАТО на државата, која ги отвори преговорите со ЕУ, која што ја врати демократијата во државата“, вели Ковачевски.

Тој истакна дека сите институции, вклучително и претседателот, имаат дадено свој позитивен придонес во напредокот на државата на сите полиња, на економско и политичко, на владеењето на демократијата, и на унапредувањето на социјалната заштита, социјалната правда.

„Што се однесува до кандидатурите за претседател на државата тие одлуки во СДСМ ги носи Централниот одбор (ЦО), како што секогаш се носат, и кога ќе започне постапката тогаш сите членови на ЦО вклучително и на раководството ќе може да го кажат своето мислење“, рече Ковачевски, кој днееска во Гевгелија присуствуваше на доделување социјални станови на 28 семејства.

МИА

– Реклама –

ПредходнаПред нас е усогласување на ставот на политичките партии за уставните измени
СледнаБелата куќа апелира до Северна Кореја да не ѝ продава оружје на Русија