Денеска не може да се извадат документи од Управата за водење матична евиденција бидејќи вработените во оваа институција стапија во предупредувачки штрајк поради ниските приходи и непотпишаниот колективен договор.

Тие бараат да им се зголемат платите за 20 проценти и да се вработат кадри кои се неопходни за нормално функционирање на Управата.
Од Независниот синдикат на Управата за водење матична евиденција не ја исклучуваат можноста за генерален штрајк доколку не им се исполнат барањата на вработените.
Според синдикатот, најголем дел од вработените земаат минимална плата, а недостигаат и работниците.




