дома Култура Изложба : Луминисцинетни силуети – дијалог со шпанската авангарда

Изложба : Луминисцинетни силуети – дијалог со шпанската авангарда

Синоќа во Амбасадата на Шпанија во Скопје се отвори изложбата Луминисцинетни силуети – дијалог со шпанската авангарда. Изложбата поставена во соработка со скопската галерија„ Акантус“ прикажува in situ уметничка инсталација од уметникот Антонио Пирковски инспирирана од историјата на шпанската уметност и дизајн.

Под кураторство на модната теоретичарка Кристина Глигоровска, преку синтеза на светлина и текстил изложбата се повикува, но и деконструира, антологиски дела од шпанската историја на уметност (како делото „Мали дворски дами“ на Диего Веласкаез) и историјата на мода ( како фустанот „Коверт“ од  Кристобал Баленсијага).

Изложбата ја отвори НЕ Рафел Сориано Ортиз , амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје. Истата ќе биде отворена за јавноста до 28.02.2026 година.

ПредходнаНајстудено во Берово -6 степени
СледнаКузеска – АКТ објави нова бомба: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци