дома Магазин Тиктокерот Такер Генал (31) почина. По него следеа 2,5 милиони луѓе

Тиктокерот Такер Генал (31) почина. По него следеа 2,5 милиони луѓе

Ѕвездата на ТИКТОК, Такер Генал, почина на 31-годишна возраст. Тиктокер кој имаше повеќе од 2,5 милиони следбеници и стана познат по разни вирални предизвици со своите браќа беше пронајден во својот дом во Калифорнија. Тажната вест ја потврди неговото семејство. Самоубиството беше наведено како причина за смртта.

Неговите браќа Карсон и Конор се збогуваа со Такер во заеднички пост на Инстаграм, оддавајќи емотивна почит кон него. “Дури и не знам од каде да почнам. Ти беше нашиот најдобар пријател и уште подобар постар брат, те гледавме цел живот и се обидувавме да тргнеме по твоите стапки затоа што секогаш беше наш херој,” напишаа тие.

“Едно е сигурно, а тоа е дека ќе продолжиме да те набљудуваме до крајот на животот додека не се сретнеме повторно. Ти беше најдобрата личност што ја познававме и најдобриот брат на светот,” гласи објавата, која завршува со зборовите: “Те сакаме и ќе ти недостигаме засекогаш, Такер.” Семејството побара приватност додека “тагуваат и почнуваат да се справуваат со животот без него.”

Кој беше Такер Генал?

Такер Генал беше креатор на содржини на социјалните мрежи, најпознат по своите забавни видеа со предизвици на TikTok, каде што заедно со своите браќа собра повеќе од 2,5 милиони следбеници под името Hustle House. Покрај онлајн славата, Генал беше фокусиран на кариерата. Дипломирал на Универзитетот Фурман во 2018 година со диплома по бизнис администрација.

Тој беше во врска со Кортни Гибсон, исто така популарна TikTok-ерка. Иако двајцата споделуваа моменти заедно на социјалните мрежи, како видео што Такер го објави со наслов “Ја срамам мојата девојка пред моето семејство”, наводно неодамна раскинаа. Според извештаите од 2024 година, нето вредноста на Генал се проценува на меѓу 100.000 и 1 милион долари, но точната бројка е непозната.

 

ПредходнаСлучајот со руските средства покажа дека проблемот на ЕУ не е Белгија, туку Трамп
Следна“Целосно одвоен од реалноста”: Инфлуенсер бесен од бизарни барања