Државната комисија за спречување на корупцијата објави списоци со имиња на градоначалници кои не поднеле изјава за имотната состојба.
На едниот список се имињата на градоначалниците на кои функцијата им престанала, а на другиот имињата на новоизбраните градоначалници.

Според објавените списоци, анкетен лист за имотната состојба не поднеле досекорешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, како и новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски.
Меѓу оние кои по изборот не поднеле анкетен лист до законски утврдениот рок се наоѓаат 19 градоначалници и тоа на Виница, Крушево, Струга, Кичево, Шуто Оризари, Бутел, Ѓорче Петров, Гевгелија, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Пехчево, Сопиште, Штип, Арачиново, Желино, Липково и Чашка.




