дома Популарно Доживотна суспензија за претседателот на турскиот прволигаш за нападот врз судија

Доживотна суспензија за претседателот на турскиот прволигаш за нападот врз судија






Претседателот на турскиот прволигаш Анкарагучу, Фарук Коча, е казнет со доживотна забрана за работа во фудбалот, откако физички нападна судија на терен.

Инцидентот се случи во понеделникот вечер на прволигашиот натпревар меѓу Анкарагучу и Ризеспор на кој гостинскиот тим освои бод ремизирајќи 1-1 со гол постигнат во седмата минута од судиското продолжение.

Непосредно по завршување на дуелот Коча втрча на теренот и со тупаница го удри во главата главниот судија Умут Мелер. Откако падна на земја, Мелер уште неколку пати беше удрен со нога и беше пренесен во болница од каде беше пуштен во средата.

Првиот човек на Анкарагучу беше уапсен ден по инцидентот.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) ја казни и Анкарагучу со пет натпревари на домашен терен без присуство на публика, како и глоба од 65.000 евра.

– Реклама –








ПредходнаТемните антиевропски сили кај нас држат во заложништво 2 милиони граѓани, но не уште долго
СледнаПриведени и казнети питачи во Гостивар и Тетово