дома Македонија СДСМ со реакција за усвоената Резолуција: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија...

СДСМ со реакција за усвоената Резолуција: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Опозициската СДСМ излезе со реакција за изгласувањето во Собранието на „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“
„Предавниците од ДПМНЕ-ЗНАМ денеска го изгласаа предавството на Македонија, ја изгласаа предавничката Резолуција што сами си ја донесоа во Собранието. Денешниот 17-ти декември 2025 година ќе остане запаметен како ден на којшто ДПМНЕ и ЗНАМ го заверија предавство на Македонија, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од опозицијата со забелешка дека премиерот Мицкоски си заминал во Брисел и оставил други да го изгласаат „предавството на Македонија“.
„Без Христијан Мицкоски кој ги остави сами. Побегна дури до Брисел, остави други да го изгласаат неговото предавство на Македонија!  Прашањето е дали сите пратеници на ДПМНЕ-ЗНАМ добија по 1,2 милиони евра, дали добија по 5,3 милиони евра, дали добија по 9 милиони евра за оваа срамна одлука – за ова предавство? Колку пари земавте за предавството на Македонија? Дали на сите ви поделија тендери? Колкав е вашиот дел од 6 милијарди евра кредит? СДСМ нема да биде нем посматрач на ова национално предавство, мигранти за пари.  Заедно со граѓаните, ќе ги искористиме сите демократски механизми за да се спротивставиме на ова национално и државно предавство, се вели во партиското соопштение.
СДСМ ги повика сите опозициски партии, здруженија, невладини организации да им се приклучат во фронтот против, како што наведоам криминалната власт.
„Ги повикуваме и искрените и чесни членови на ДПМНЕ кои ја сакаат Македонија и знаат дека ова што го прави нивното раководство е за пари да се приклучат.  За Македонија се работи! Борбата започна! А за предавство се знае што следува? Ќе одговараат!“, се додава во соопштението.
ПредходнаСобранието ја усвои Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите
СледнаШилегов со критика и барање за оставка на Филипче: Или си СДСМ или си тезгарош