дома Македонија Шилегов со критика и барање за оставка на Филипче: Или си СДСМ...

Шилегов со критика и барање за оставка на Филипче: Или си СДСМ или си тезгарош

Петре Шилегов од СДСМ, поранешен градоначалник на Скопје, побара оставка од лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Шилегов напиша две објави на Фејсбук од кои во првата напиша – Или си СДСМ или си тезгарош.

– Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави …., напиша во објавата.

Во втората објава Шилегов се дообјаснува дека бара оставка од лидерот на СДСМ.

– Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел повици за 7 мин). ДА !!! Барам оставка на “претседателот” на СДСМ, пишува во објавата.

Опозициската СДСМ вчера го избра новото раководство на партијата откако претходно по барање на лидерот на партијата оставка даде целото раководство. За нови потпртеседатели на партијата избрани се Јована Тренчевска, поранешна министерка за труд и социјална политика и Александар Трајковски, кандидатот за градоначалник на Аеродром.

ПредходнаСДСМ со реакција за усвоената Резолуција: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието
СледнаТрамп им се обрати на Американците по една година владеење. Тој го обвини Бајден за сè