дома Македонија Советот на јавни обвинители ќе назначи в.д. на местото на Коцевски

Советот на јавни обвинители ќе назначи в.д. на местото на Коцевски

Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да определи вршител на должноста јавен обвинител откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски си поднесе неотповиклива оставка.

Љупчо Коцевски

Вршителот на должност се назначува согласно член 25, став 3 од Законот за јавно обвинителство.

Седницата е закажана во 11 часот.

Државниот јавен обвинител Коцевски поднесе неотповиклива оставка пред два дена, а ја обзнани на прес-конференција непосредно пред почетокот на собраниската седница на која на предлог на Владата требаше да се расправа за неговото разрешување.

Коцевски рече дека власта прави преседан кој ќе има далекусежни последици и уште еднаш повтори дека одлуката за негово разрешување е чисто политичка.

– Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука, затоа денеска поднесов неотповиклива оставка, рече Коцевски на прес-конференцијата.

Владата пак го правдаше предлогот за разрешување на Коцевски со образложение дека тој направил крупни професионални грешки и го нарушил угледот на институцијата.

ПредходнаЗападен Балкан треба да избере – да остане во минатото или европска иднина
СледнаЕден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет