дома Македонија Приведени и казнети питачи во Гостивар и Тетово

Приведени и казнети питачи во Гостивар и Тетово






Секторот за внатрешни работи Тетово, во содејство и координација со Центарите за социјални работи, презема мерки за справување со питачењето. Според информациите од полицијата, годинава, досега се преземени вкупно 34 вакви мерки (Тетово-28 и Гостивар-6), со кои во најголем број биле опфатени лица од регионот, но и од други места од нашата земја, кои на јавни места и неретко заедно со малолетни деца питачеле.

„Сите се приведени и изготвени им се предвидените поднесоци по член 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Зашто, питачењето како асоцијална појава е спротивно на овој закон и се санкционира со парична глоба од 15 до 50 евра во денарска противвредност.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Од полицијата додаваат дека активностите за откривање и санкционирање на питачењето ќе продолжат и во наредниот период, а покрај непосредно инволвираните ќе се санкционираат и лицата кои ги поттикнуваат и организираат да питачат.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска

Извор








ПредходнаДоживотна суспензија за претседателот на турскиот прволигаш за нападот врз судија
Следна„Демнејќи го Годо“ – прва копродукција помеѓу Турскиот театар и Театар Комедија