Катерина Костова е новата в.д. директорка на скопската Зоолошка градина, потврди градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Телма. Таа доаѓа од редот на вработените во установата, поточно од правниот сектор.
Изиминатите денови се појави информација дека нов директор на ЗОО Скопје ќе биде Стево Ќирков, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, што и тој самиот ја потврди. Ќирков тврдеше дека е избор на градоначалникот Ѓорѓиевски, а во Зоолошката градина доаѓа за да се запознае со вработените, пред и официјално да стапи на функција.




