Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа редовна годишна прес-конференција во Москва, а како што пренесуваат руските медиуми, шефот на Кремљ добил над два милиони прашања.
Заследете нѐ на Телеграм
Најголемо внимание, но и најмногу прашања Путин доби во врска со војната во Украина, односно специјалната воена операција, како што ја нарекуваат во Русија. Претседателот на Русија за прв пат јавно откри колку руски војници се борат во военатата зона.
617.000 руски војници учествуваат во специјалната воена операција во борбената зона на линијата на поделба меѓу Русија и Украина, долга преку 2.000 километри. 244.000 од нив се војници кои беа повикани во мобилизацијата во 2022 година, властите по последната кампања пријавија и нови 486.000 волонтери кои се подготвени да потпишат договори со војската – рече Путин и продолжи:
Русите и Украинците се еден народ и ова што се случува е голема трагедија. Конфликтот меѓу Русија и Украина е граѓанска војна меѓу браќата. Русија со децении се обидуваше да изгради нормални односи со Украина по секоја цена, но тоа стана невозможно по државниот удар во Киев во 2014. Америка јавно призна дека за тој пуч потрошила пет милијарди долари. Путин нагласи дека Москва отсекогаш имала добри односи со јужна Украина бидејќи тие територии историски и припаѓале на Русија.
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска