дома Популарно Северна Македонија доби место во Вселената

Северна Македонија доби место во Вселената


Земјава денеска ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23), која се одржува во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Според министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

„Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот“, истакнуваат од МИОА.

Второто достигнување за нашата земја на конференцијата, посочуваат од министерството, е дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6G) во пониски фреквенциски опсези.

„Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ITU (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација“, нагласуваат од Министерството.

– Реклама –

ПредходнаПронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред два дена се оддалечиле од дома
СледнаИзраелските војници по грешка отвориле оган и убиле тројца заложници