дома Култура Почина актерот Лазе Манасков

Почина актерот Лазе Манасков

  На 67-годишна возраст   почина македонскиот актер Лазе Манасков.

Почина актерот Лазе Манасков-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар.

Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.

Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.

ПредходнаГерасимовски: Бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба
СледнаДржавата за 375.000 евра продава акции во Алта банка, кои беа на ,,Ексико”, а одземени од Мијалков