дома Македонија Политика ЕУ дефинитивно ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупција

ЕУ дефинитивно ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупција

Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската ИПАРД 3 програма, поради корупцијата на ДПМНЕ. Десет дена власта молчи за оваа одлука. Причина: злоупотребите на европските пари од страна на власта, за кои директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од редовите на ДПМНЕ беше уапсен, тврди СДСМ.

Ова е истакнато во соопштението на СДСМ  , во кое се повикува дека случајот мора целосно да се расчисти и сите инволвирани да одговараат, особено лицата блиски до Мицкоски.

И Мицкоски треба да одговара за ваков скандал, велат од СДСМ.

Во соопштението од оваа партија прашуваат: Дали се сеќававте кога изби скандалот како ДПМНЕ и кујните за лаги го обвинуваа претседателот Филипче за ова, како објавуваа лаги за Заев кој е во политичка пензија 5 години, за Николовски? Дали сега на сите им е јасна улогата на фабриката за лаги на ДПМНЕ?

Токму она што говори СДСМ и постојано го разоткирва: дека нападите кон опозицијата, кон СДСМ, претседателот Филипче служат за дефокусирање од темите, како оваа дека ДПМНЕ се фатени во корупцијата и криминал со ИПАРД, велат од СДСМ.

СДСМ се на став дека корупцијата на ДПМНЕ зададе силен удар врз развојот на земјоделството. Земјоделците и агробизнисмените кои планирале или веќе реализираат инвестиции, сега ќе останат и без пари и без инвестиции, поради корупцијата на ДПМНЕ.

Во реакцијата се тврди дека скандалот со ИПАРД 3 програмата, вредна 130 милиони евра, не е изолиран случај, туку дел од поширокиот криминален модел на ДПМНЕ.

„Ова е потврда на она што СДСМ цело време го говори. Корупцијата на ДПМНЕ метастазираше во секоја пора од општеството. На ДПМНЕ им се важни нивните тендери: 161 тендер за 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за една фирма со двајца вработени. Нив воопшто не ги интересираат земјоделците туку крминалните тендери“, се наведува во соопштението и се повикува на брза, темелна и транспаретна истрага. „Сите инволвирани во овој огромен корупциски стандард мора да одговараат“.

ПредходнаПреку наместен тендер во ЕСМ „испрани“ два милиони евра
СледнаЗарина Првасевда со „Кадифено“ ја поврза традицијата со современиот музички израз