дома Македонија Економија Сточарите најавуваат протести ако не им бидат исплатени субвенциите, рокот е до...

Сточарите најавуваат протести ако не им бидат исплатени субвенциите, рокот е до четврток

Сточарите бараат од државата да им бидат исплатени субвенциите за 2024 година, а доколку тоа не биде сторенo, од четврток најавуваат протести.

– Денеска сме тука да и кажеме на Владата дека сточарството и земјоделството го оставија целосно на страна. Сакаме да порачаме дека бевме најјака држава која се занимавала со сточарство и земјоделство. Ги замолуваме сите институции да пристапат посериозно кон нашиот проблем, изјавија денеска од Сојузот на одгледувачи на овци.

Велат дека имаат доставено барање за средба со премиерот и со претседателката на државата, но досега одговор од Владата немаат.

– Ако немаме субвенции до четврток, сите сточари во петок ќе излезат на протести. Имавме неколку средби со министерот и со директорката на Платежната агенција, но досега немаме никаков одговор, велат од Сојузот на одгледувачи на овци.

Велат дека имале три ветени рокови за исплата, а последниот бил 20 декември.

– Не е првпат да е ветено, а неостварено. Немаме ниту еден ден толеранција. Гледаме како се протестира во Европа и ќе дадеме се од себе сценариото наше да биде приближно исто како нивното, изјавија денеска сточарите.

ПредходнаМуцунски: Има опасност од евроскептицизмот и тоа е кредибилно затоа што вратите за ЕУ не се отвораат
СледнаССМ до Владата и работодавачите: Договорете го зголемувањето на минималецот, народот подготвува „новогодишна честитка“