Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во денешното годишно обраќање пред пратениците во Собранието повика на национален консензус . Во нејзиното долго обраќање таа, професорски и теоретски објасни точно и прецизно како треба, но не посочи виновници зошто тоа не е така.
Претседателката во однос на евроинтеграциите , потенцира дека проблемот не е само административен туку лежи во уставните амандамни нагласувајќи дека тоа е политички критериум. Според неа, потребни се јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија, што значи таа е на линија дека вопѓто нема никаква вина во Македонија, освен претходната власт не била докрај транспарентна во обврските.
Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, Сиљановска – Давкова рече сите ние ќе ја носиме траумата од трагедијата во Кочани посочувајќи, меѓу другото, дека со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување недостигот на системска култура, неказнивост и ја истакна потребата за длабоко преиспитување. – Кочани не доведе до ѕидот на срамот, рече таа.
Побара од политичките партии и политичарите да ги прекинат препукувањата на дневна основа на сметка на судскиот процес за Кочани. Со овој судски процес, како што рече, ќе се види дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата кај граѓаните. Неслучајно, додаде таа, преговорите со ЕУ почнуваат и завршуваат со правосудството.
Во својот говор таа зборуваше и за надворешната политика, за правичната застапеност, за фемицидите, за животната средина, дека се тоа е одлика и обврска на системот ма државата , дека тоа не рамгира кои сме и каде сме…

Во својот говор таа истакна дека како претседателка, која настапува како граѓанка, имала комуникација со многу граѓани од кои ја чула нивната потреба и дека ке ги отвори претседателските канцеларии, нои не кажа чија обврска е слушнатото не да се регистрира туку кој ќе го реши. Не повика никого на одговроност осб=вен дека опозицијата премолчела некои работи кои не смеело во однос на францускиот предолг и еу процесите за кои повтори дека бара гаранции и чување на идентитеот.
На годишното обраќање на претседателката Сиљановска – Давкова присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски и неговите министри , претставници на судската власт, на верските заедници, на дипломатскиот кор и други челници на власта.




