Home Култура Лицата со попреченост се злоупотребени во предизборните кампањи, се сликаат со нив, им ветуваат, а не исполнуваат!

Лицата со попреченост се злоупотребени во предизборните кампањи, се сликаат со нив, им ветуваат, а не исполнуваат!

0
Лицата со попреченост се злоупотребени во предизборните кампањи, се сликаат со нив, им ветуваат, а не исполнуваат!

Стереотипи, предрасуди, стигма за лицата со попречености се среќаваат на секој чекор во денешното општество и заедница кои пак, од друга страна промовираат еднаквост, почитување на различностите, инклузија. Активистите за правата на оваа категорија луѓе, сметаат дека тоа е резултат на начинот на перцепција и погрешните пристапи кон нив.

Заследете нѐ на Телеграм

„На овие луѓе се гледа од сожалување и милостина, а не се препознаваат нивните можности и способности, и недостига вклучување во носење на одлуки. Носењето на одлуки ќе предизвика подобри системски решенија. Предрасудите постојат токму од овие причини. Мене посебно ме иритира кога ќе видам дека за Нова Година се делат пакетчиња на возрасни лица, оосбено во дневните центри. Тоа го прават и градоначалниците, политичките партии пред изборите, тогаш се сеќаваат на овие лица и им даваат несоодветни подароци. Тоа е навредливо за нив и за нивните семејства. Треба да ја слушнат оваа порака- лицата со попреченост постојат секој ден, не само за одредени настани, датуми или во тек на изборна кампања, вниманието треба да им се пружи преку поддршка, особено сега кога инклузивното образование е законско решение, тоа може да биде брз и ефективен процес, за да го оспособи тоа дете понатаму да живее самостојно. Не им треба сожалување, подароци, мислостина.“, нагласи Благица Димитриевска, претседател на здружението Инклузива, во емисијата „Минути за секого“ на Gostivarpress.mk.
Меѓу другото, таа подвлече дека лицата со попречености се злоупотребувани, особено во предизборните кампањи.
„Не треба никој само да се слика со нив и да каже ветувања, а да нема остварувања, ако ветиш дека ќе има права треба да ги исполниш. Затоа немаат доверба во системот, многупати се излажани, искористени и веќе не веруваат и не се мотивирани да застапуваат нивни права. Во целиот период додека се занимавам со оваа проблематика има нешто промени, но тоа се многу мали чекори. Сите власти, дали се локални или државни треба да ја знаат обврската од ратификување на Конвенцијата за правата за лицата со попреченост и да ја имплементираат“, рече Димитровска.
Целата емисија може да ја погледнете на јутуб каналот на Gostivarpress.mk.

Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ | Гостинка: Благица Димитровска

Извор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here