дома Македонија Политика Апасиев:Со посебен закон да се обесштетат семејствата на жртвите од трагедијата во...

Апасиев:Со посебен закон да се обесштетат семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани

Предлог-заклучоци од комисиската седница по повод поднесената претставка од родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани се доставени до пратеничките групи и како што информира Димитар Апасиев, претседател на Постојаната анкетна комисија за слободата и правата на граѓанинот, очекува тие едногласно да бидат усвоени на првото продолжение на седницата на Комисијата.

Независна, транспарентна и темелна судска кривична постапка која ќе ги утврди сите одговорни лица и институции, а одговорноста да мора да ја понесат и носителите на јавни функции, без исклучоци, се препорачува во заклучоците, но и апел до пратениците од власта и од опозицијата да постигнат консензус и да донесат посебен закон за обесштетување на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, а заклучоците да се достават до Владата и Јавното обвинителство.

Со доставените Предлог – заклучоци најостро се осудува институционалната нефункционалност која доведе до трагедијата од 16 март во дискотеката „ПУЛС“ во Кочани и се изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и повредените. Исто така се укажува на сериозни институционални слабости, системско непочитување на законите и можно прикривање на одговорноста што наметнува потреба од итна и решителна реакција од сите државни институции.

Се потсетува дека правото на живот претставува највисиока вредност во уставниот поредок на државата и токму затоа се повикува Јавното обвинителство да постапува непристрасно, навремено и неселективно со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства.

„Пулс“ како гасна комора од чад и цијаниден гас – како навистина умреле жртвите во Кочани?

 

Во Предлог-одлуките се изразува загриженост за наводите за корупција во постапките за издавање дозволи и во инспекцискиот надзор и се препорачува Собранието да усвои итни законски измени кои ќе го подобрат регулаторниот и инспекцискиот надзор врз угостителските и останатите објекти наменети за одржување на јавни настани. Паралелно се бара и заострување на кривичната одговорност за службените лица кои не постапуваат согласно законските овластувања.

Се поддржува одржување на надзорна расправа во Собранието за утврдување на институционалната одговорност и предлагање мерки за превенција. Истовремено, се нагласува потребата од ефикасен и независен правосуден систем и целосно искоренување на корупцијата.

ПредходнаВладата ќе купи 100 нови комби возила за државните пошти
СледнаSP: Дали знаете кои биле првите автомобили во Скопје?