дома Македонија Гаши бара политичка волја за изборот на народен правобранител, институцијата во блокада...

Гаши бара политичка волја за изборот на народен правобранител, институцијата во блокада од јануари

Претседателот на Собранието бара пратениците да покажат политичка волја и да се избере народен правобранител откако Насер Зибери во јули замина во пензија, а веќе му истекнува и полномошното на неговиот заменик Илбер Руфати.
Изборот е заглавен бидејќи нема доволно гласови по Бадентер, а изборот се прави со мнозинство гласови и со Бадентер.
За оваа функција е предложен Фатон Сељами, но во Комисијата за избори и именувања нема доволено гласови по Бадентер. Мнозинството има 14 гласа по Бадентер, но недостигаат гласовите од Европскиот фронт.
Претседателот на Собранието денека на брифингот со новинарите апелираше да се одблокира овој процес.
– Да бидеме совесни кон една многу битна институција како што е Народниот правобранител. Би сакал тоа најбрзо што е можно да се случи и веднаш би ја свикал седницата. Точката е на дневен ред, ќе ја изгласаме за да може да функционира и во однос на повторените избори кои се на 11 јануари, изјави Африм Гаши.
Вели дека ако нема политичка волја, дека ќе треба да се најде алтернатива, но смета дека не се исцрпени сите политички капацитети за да се најде компромис.

ПредходнаСП:Директорите на тетовската болница добија три години затвор за пожарот – Апелација им ги удвои казните
СледнаСемејствата на загинатите од Пулс се сомневаат во обдукциските резултати