дома Македонија Политика „Пластичарска“ пак блокирана, жителите на Серава протестираат, а крадат струја

„Пластичарска“ пак блокирана, жителите на Серава протестираат, а крадат струја

Петти ден по ред жителите на скопската населба Серава протестираат со блокирање на булеварот „Никола Карев“, односно улицата „Пластичарска“, пренесе ТВ „24“. Граѓаните велат дека се оставени без струја по големиот дефект кој се случил во неделата, а кој ЕВН одбива да го санира.

 

Велат дека исклучувањето на струјата им го отежнува секојдневието најмногу на старите и изнемоштени лица и на децата. Велат дека иако редовно ги плаќаат сите сметки за струја сепак на ниските температури се оставени без греење па мора да се снаоѓаат на различни начини.

 

Од ЕВН велат дека дефектот се случил поради тоа што жители на населбата долготрајно и неконтролирано крадат струја, преоптоварувајќи ја мрежата со диви приклучоци. Од компанијата додаваат дека сè додека нивните екипи немаат пристап да ја реконструираат мрежата и да ги променат броилата, ќе биде невозможно да се санира дефектот.

ПредходнаВО НОРМАЛНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА МИНИСТЕР ПАЃА ЗА ОВА!!! Зајкова со остра реакција по скандалот со ИПАРД
СледнаГраѓаните на Скопје на протест – „Усје“ фабрика за смрт, итна дислокација