Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар на денешниот празник Света Варвара и Свети Јован Дамаскин беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Заследете нѐ на Телеграм
Во својата беседа пред верниците Митрополитот г. Јосиф меѓу другото истакна:
„Секој ден од нашиот живот се одвива според промислата Божја. Секој поминат ден ни напомнува дека сме должни да ја чуваме чистотата на нашата света вера и да ја поддржуваме светата соборна и апостолска Црква. Ние сме повикани на овој пат за да стасаме во вечен живот и да бидеме достојни наследници на Царството Божјо, што ни го приготвил нашиот Бог, доколку ги следиме и исполнуваме пораките и принципите што ни ги дал Господ преку Неговата света Црква. Ние од секој празник треба да извлечеме јасна поука како треба да живееме и како да постапуваме во нашиот живот, за да ја вратиме таа изгубена присност со Семоќниот и Семилостивиот Бог. Во храмовите Божји ние имаме чест да се молиме. Молитвата е неопходен услов за добивање на благодатта Божја. И ние денеска се собравме во овој свет храм за да се молиме и принесеме бескрвна жртва. Во храмовите молитвено се соединуваат земната и небесната црква. Храмот не е само да не потсетува на историските настани, туку тој има и духовна сила бидејќи ни напомнува на зборовите на св. ап. Павле за тоа дека секој човек – „е храм Божји, и дека Духот Божји во нас живее.” Потребно е да градиме жив храм во нашите срца, во нашите души и да го сведочиме на секое место нашето вистинско православно исповедание онака како што сведочеле денешните светители кои ги празнуваме.“
По литургијата верниците се причестија со светите тајни на христијанството.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска