![policija1](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2023/12/Превезувал-мигранти-и-направил-сообраќајка-три-лица-се-повредени.jpg)
На 17.12.2023 во 16.10 часот на подрачје на Чаир, во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив, кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Г.Ѓ., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветни пријави.
Leave a Reply