Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, но има и други опции кои треба да се разгледуваат не само покачување.

Според Бислимовски, треба да се покаже разбирање за „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) бидејќи државната компанија, како што вели, мора да застане на здрави нозе.
– Ситуацијата е тешка, ЕСМ работи во загуби и ЕСМ е стожерна компанија во енергетскиот сектор. За ЕСМ дали да опстои или да не опстои, ние немаме сценарио Б. ЕСМ мора да застане на здрави нозе, ЕСМ мора да си го зголеми своето производство на електрична енергија, но и треба полека да го гледаме ЕСМ не само како производна компанија, туку и како компанија која, покрај тоа што произведува електрична енергија, и продава електрична енергија, рече Бислимоски
Но мора да се менува немаџментот, Струјата поради новите такси ке расте, јагленот е неквалитетен и мора да се увезува и да се засилува неговата калоричност со мазут што испага многу поскапо
Бислимовски препорача ЕСМ и Владата да размислат да ги вклучат во систем домашните произведувачи со фотоволтаици, кои иста така од јанураи нема да бидат конкурентни на европскиот пазарт, тоа вели, ќе биде опстојба к за нив и за кредитети и банките, за нас поевтина струја, домашни реесурси и поддршка за хидро потенцијалот, особено на пролет и лето кога фотоволтаиците најмногу даваат струја. Гасни централи се опција, ТЕТО ќе биде корисен оваа зима, но се очекува има најава и за уште една гасна централа за Скопје .
Треба да се размислува пошироко и потемелно, особено што термоцентралите како најголеми загадувачи Ева ги затвора, наметнува такси на струјата произведена од јаглен, а ние треба да размисуваме да го вклучиме гасот како енергенс, иако ништо повеќе не е е трајно решение, нагласи претседателот на РКЕ.




