дома Македонија Лекарите со полни раце работа за Нова Година, зголемен бројот на интервенции

Лекарите со полни раце работа за Нова Година, зголемен бројот на интервенции

Лекарите со полни раце работа за време на новогодишната ноќ. Примени пијани пациенти, пациенти повредени од пиротехника и при пад од висина.

Оваа Новогодишна ноќ, според лекарите, со значително зголемен број на интервенции за разлика од минатите години.

Случени се три сообраќајни незгоди, но ниту една од тешки телесни повреди во Скопје. Лекарска помош им е пружена на околу 20 пациенти со лесни повреди. Примена е и една 17-годишна девојка од Тетово со тешка телесна повреда.

Во текот на новогодишната ноќ имало и тројца пациенти кои се здобиле со повреди по пад од висина.  30-годишен маж во животозагрозувачка состојба пронајден е паднат во реонот на Буњаковец и кај е него извршена операција на ’рбетниот столб, а  на Неврохирургија е примен 16-годишен пациент од Штип, исто така по пад од висина.

Имало и осум физички напади во кои шест пациенти се здобиле со телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, а едно лице со површна повреда од нож.

Регистрирана е и прострелна повреда во пределот на лактниот зглоб кај пациент од Скопје, а настанот се случил во Прилеп.

Дваесет пациенти се повредени од пиротехнички средства, а кај дел од нив по интервенциите ќе се знае дали ќе имаат траен инвалидитет. Меѓу повредените има и деца на 12 и 13 години. Примен е и еден 69-годишен пациент со повреди на левата подлактица и шака од пиротехника.

ПредходнаПоскапа струја со почетокот на Новата година
СледнаДвегодишно дете со повреда на главата од огнено оружје примено на клиниките во Скопје