Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран – Монтана.

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 47 лица. Медиумите наведуваат дека повеќето од гостите биле на возраст од 15 до 20 години. Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.
Расте бројот на жртви во пожарот во швајцарскиот скијачки центар. 47 мртви, 115 повредени




