дома Економија Google во правна битка за можна злоупотреба на монополската положба

Google во правна битка за можна злоупотреба на монополската положба

73

Почнува голема правна битка на Google за можна злоупотреба на монополската положба

Интернет гигантот „Google“ започнува маратонска правна битка пред федералниот суд во САД, каде што се соочува со обвинувања од американската влада дека постапил незаконски за да стане водечки пребарувач во светот.

Во текот на 10 недели, со повеќе од 100 сведоци, „Googled“ ќе се обиде да го убеди судијата Амит П.Мехта дека големата правна постапка иницирана од Министерството за правда е неоснована.

Судењето во судницата во Вашингтон е најголемиот антимонополски случај на САД против голема технолошка компанија откако Министерството го гонеше „Microsoft“ пред повеќе од две децении поради доминацијата на неговиот оперативен систем Windows.

Случајот на „Google“ се заснова на тврдењето на владата дека технолошкиот гигант неправедно се стекнал со доминацијата на својот интернет прелистувач преку склучување ексклузивни договори со производители на мобилни уреди, телеоператори и други компании, што ги остави конкурентите без можност за пазарна конкуренција.

Плаќајќи милијарди долари годишно на „Apple“ и други компании, „Google“ го обезбеди својот статус на стандарден пребарувач на телефоните и веб-пребарувачите и наводно ги задушува новите компании пред да имаат шанса да се развиваат.

Таквата доминација придонесе „Alphabet“, корпорацијата којашто е сопственикот на „Google“, да стане една од компаниите со најголема капитална вредност во светот, и притоа рекламите за пребарување генерираат 60 отсто од нејзиниот приход, многу повеќе од другите активности на компанијата, како што се сервисот за размена на видео-материјали YouTube или уредите со оперативен систем Android.



ПредходнаКина ги интензивира воените активности во близина на Тајван
СледнаПравниот тим на Амбасадата ги разгледува измените на Кривичниот законик, важно е да се почитуваат процедурите на правниот систем